Линкови за пристапност

Шведскиот суд блокираше екстрадиција на мажи по кои трага Турција


Турција тврди дека мажите се дел од терористичка група
Турција тврди дека мажите се дел од терористичка група

Највисокиот шведски суд во четвртокот ја блокираше екстрадицијата на двајца мажи барани од Турција за наводна вмешаност во група која Турција ја обвинува за обидот за државен удар во 2016 година.

Шведскиот суд рече дека мажите, кои се бегалци, се соочуваат со ризик од прогон доколку бидат испратени во Турција.

Турција вели дека лицата се дел од групата предводена од свештеникот Фетулах Ѓулен со седиште во САД, која Турција ја смета за терористичка организација.

Шведскиот суд, исто така, рече дека тврдењето дека мажите симнале мобилна апликација што ја користат членовите на групата не е основа за екстрадиција бидејќи тој чин не би претставувал учество во терористичка организација според шведскиот закон.

Одлуката доаѓа неколку дена откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе се откаже од своите приговори за пристапување на Шведска во НАТО, откако рече дека Шведска не прави доволно за да ги уништи терористичките групи.

Шведска донесе голем број реформи во последниве месеци, вклучително и нов закон за борба против тероризмот, како дел од договорот со Турција.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и агенцијата Франс прес

XS
SM
MD
LG