Линкови за пристапност

Шолц повика на нови разговори за Украина по самитот во Саудиска Арабија


Претставници од околу 40 земји, вклучително и од Кина, Германија, Индија и САД, учествуваа на собирот минатиот викенд во Џеда, иако Русија не беше поканета
Претставници од околу 40 земји, вклучително и од Кина, Германија, Индија и САД, учествуваа на собирот минатиот викенд во Џеда, иако Русија не беше поканета

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави неодамнешниот самит предводен од Саудиска Арабија за мировно решение за ставање крај на борбите во Украина и повика на дополнителни дипломатски напори.

Претставници од околу 40 земји, вклучително и од Кина, Германија, Индија и САД, учествуваа на собирот минатиот викенд во Џеда, иако Русија не беше поканета.

„За нас има смисла да ги продолжиме овие разговори, бидејќи тие го зголемуваат притисокот врз Русија да сфати дека тргнала на погрешен пат и дека мора да ги повлече своите војници и да го овозможи мирот“, рече Шолц во своето годишно летно интервју за германската телевизија ЗДФ.

Слични меѓународни разговори за патот кон мир, исто така, се одржаа во Копенхаген во јуни. Шолц ги нарече „многу посебни“ разговорите во Данска и Саудиска Арабија, одржани на ниво на советници за надворешна политика.

„Тие се многу важни и навистина се само почеток“, рече Шолц.

Украина денес рече дека е задоволна од самитор во Саудиска Арабија, за време на кој Киев се обиде да добие поддршка за својот мировен план од 10 точки, вклучително и целосно повлекување на руските трупи од украинска територија.

Москва, во меѓувреме, рече дека мировното решение е можно само доколку Киев се предаде.

Повеќе од една година по руската инвазија, Украина започна многу очекувана контраофанзива во јуни, откако складираше западно оружје.

Киев постојано бара од Берлин крстосувачки ракети со долг дострел за да ги зајакне своите напори, но Германија досега се спротивставуваше поради загриженоста дека оружјето може да стигне до руска територија и да го прошири конфликтот.

Шолц во интервјуто повтори дека Германија сега е вториот најголем снабдувач на воена помош за Украина по САД.

„Како и во минатото, ние секогаш ќе ја разгледуваме секоја поединечна одлука многу внимателно, што е можно, што има смисла, што може да биде нашиот придонес“, рече Шолц.

Извор: Агенција Франс-прес

XS
SM
MD
LG