Линкови за пристапност

Шефот на ОН алармираше за порастот на насилството на сирискиот брег


Изгорени автомобили во отворена гаража по неодамнешниот бран на насилство меѓу сириските безбедносни сили и вооружените лица лојални на поранешниот претседател Башар Асад во Сирија, 10 март 2025 година
Изгорени автомобили во отворена гаража по неодамнешниот бран на насилство меѓу сириските безбедносни сили и вооружените лица лојални на поранешниот претседател Башар Асад во Сирија, 10 март 2025 година

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш алармираше за ескалацијата на насилството во сирискиот крајбрежен регион, каде безбедносните сили се во судир од четвртокот со борците лојални на поранешниот претседател Башар ал Асад, при што загинаа стотици цивили.

„Крвопролевањето во Сирија мора веднаш да престане, рече тој, а сторителите на прекршувањата мора да одговараат“, изјави портпаролот на Гутереш Стефан Дујарик за новинарите.

Тој рече дека шефот на ОН е вознемирен од обемот на насилството што вклучува „широко распространети убиства, вклучително и на цели семејства, и загуба на еден од нашите колеги од УНРВА“.

Голем број борци од двете страни, наводно, биле убиени во некои од најлошите борби откако привремените власти ја презедоа власта во средината на декември.

Шефот на преодната влада Ахмед ал Шара, поранешен член на Ал Каеда, во неделата објави дека ќе има независна истрага за сите злосторства извршени врз цивилите и безбедносните сили.

Претходно вчера, Советот за безбедност на ОН се состана на двочасовна затворена седница која заеднички ја побараа САД и Русија.

Дипломатите рекоа дека претставникот на ОН за Сирија им рекол на видеобрифинг дека тензиите се создаваат веќе неколку недели меѓу лојалистите на Асад и актуелните власти, што избувнувале во судири.

Но, неодамнешното насилство се чинело однапред планирано и координирано, при што борците, наводно, целеле воени инсталации и јавни објекти, како што се болниците.

Хуманитарните претставници на ОН соопштија дека илјадници Сиријци наводно се раселени во крајбрежните области, а илјадници преминале во соседен Либан.

Шест болници и неколку амбулантни возила се погодени во борбите, а многу болници во крајбрежната област имаат итна потреба од медицински материјали.

Сирија е заглавена во граѓанска војна во последните 14 години, откако режимот на Асад брутално ги прекина мирните протести за време на Арапската пролет.

Минатиот месец, Програмата за развој на ОН рече дека закрепнувањето може да потрае најмалку една деценија и процени дека војната ја чинела сириската економија 800 милијарди долари загуби од 2011 година.

XS
SM
MD
LG