Линкови за пристапност

Сенатот ќе разгледува помош за Израел и Украина следната недела


Ќе ги ставам на гласање следната недела, се надевам со двопартиска поддршка, бидејќи тоа е единствениот начин да го постигнете тоа, рече Шумер на неделната прес-конференција
Ќе ги ставам на гласање следната недела, се надевам со двопартиска поддршка, бидејќи тоа е единствениот начин да го постигнете тоа, рече Шумер на неделната прес-конференција

Сенатот на САД ќе започне со разгледување на законодавството што вклучува помош за Израел и Украина уште следната недела, рече денес лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер, додавајќи дека е потребен нацрт-закон за помош дури и ако нема договор со републиканците за финансирање на мерките за безбедност на границата.

„Ќе ги ставам на гласање следната недела, се надевам со двопартиска поддршка, бидејќи тоа е единствениот начин да го постигнете тоа“, рече Шумер на неделната прес-конференција.

Бајден минатиот месец побара од Конгресот да одобри финансирање за националната безбедност од 106 милијарди долари, вклучително и помош за Украина додека се справува со руската инвазија, поддршка за Израел по нападите на милитантите на Хамас на 7 октомври и пари за дополнителна безбедност на границата на САД со Мексико.

Но, финансирањето не е одобрено, што предизвикува загриженост дека средствата особено за Украина можеби никогаш нема да поминат, особено откако Претставничкиот дом предводен од републиканците го усвои нацрт-законот кој вклучува помош за Израел, но не и за Украина.

Сенаторката Пети Мареј, која претседава со Комитетот за доделување средства на Сенатот, рече дека Сенатот мора да усвои нацрт-закон за финансирање кој вклучува безбедносна помош за Украина и Израел, хуманитарна помош и финансирање на сојузниците на САД во Индо-Пацификот.

„Не можеме да работиме половина од нашата работа и во суштина да му кажеме на светот дека Америка е само со некои од своите сојузници дел од времето“, рече Мареј.

Барањето на Бајден до Конгресот вклучуваше 60 милијарди долари за Украина, околу половина за надополнување на американските воени резерви, како и по 14 милијарди долари за Израел и безбедноста на границата со Мексико.

Конгресот одобри 113 милијарди долари за Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Тоа финансирање може да се исцрпи за неколку месеци.

XS
SM
MD
LG