Линкови за пристапност

Се предадоа двајца обвинети во случајот за мешање во изборите во Џорџија


Трамп, кој се соочува со 13 обвиненија во случајот Џорџија, вели дека треба да се предаде во Атланта в четврток
Трамп, кој се соочува со 13 обвиненија во случајот Џорџија, вели дека треба да се предаде во Атланта в четврток

Џон Истман, поранешен адвокат на Трамп, кој го поттикна планот тогашниот потпретседател Мајк Пенс да се обиде да го блокира конгресното потврдување на победата на демократот Џо Бајден над Трамп, денес се предаде на властите на округот Фултон во главниот град на државата Џорџија, Атланта.

Другиот обвинет, Скот Хол, кој бил републикански набљудувач на анкети во Џорџија, исто така се предал.

Истман се соочува со девет обвиненија кои, доколку биде осуден, би можеле да го однесат во затвор со години.

Вчера, тој постигна договор за кауција од 100.000 долари за да биде ослободен во очекување на судењето.

Истман беше категоричен во својата намера да се бори против окружната обвинителка на округот Фултон Фани Вилис.

„Денеска сум овде за да се предадам на обвинението кое никогаш не требаше да биде покренато“, се вели во соопштението на Истман.

Во посебен случај за мешање во изборите поднесен против Трамп во Вашингтон од специјалниот обвинител на Одделот за правда Џек Смит, Истман е идентификуван како еден од шесте неименувани соработници на Трамп во обидот да го наруши исходот од изборите во 2020 година за Трамп да остане на власт.

Но, адвокатот на Истман, Харви Силверглејт, рече дека неговиот клиент нема намера да се спогоди со федералните или сојузните обвинители за да ја намали заканата за неговата слобода.

„Во однос на прашањата дали Истман е вклучен во спогодување за вина, одговорот е не“, се вели во изјавата на Силверглејт претходно овој месец.

Трамп, кој се соочува со 13 обвиненија во случајот Џорџија, вели дека треба да се предаде во Атланта в четврток, каде се соочува со четврто кривично обвинение поднесено против него во последните пет месеци.

Севкупно, тој е обвинет за 91 прекршок пред, за време и по неговото еднократно претседателствување.

„Можете ли да верувате? Во четврток ќе одам во Атланта, Џорџија за да бидам уапсен“, напиша Трамп на својот профил на „Truth Social“.

Адвокатите на поранешниот претседател постигнаа договор во понеделникот со властите во Џорџија за кауција од 200.000 долари за да може да биде ослободен во очекување на судењето, при што Трамп исто така се согласи да не се заканува или заплашува сведоци, вклучително и на платформите на социјалните медиуми.

И покрај тоа што се соочува со повеќенеделни судења во првата половина на 2024 година, Трамп има водечка предност меѓу републиканските гласачи за претседателската номинација на партијата на националните избори следната година.

XS
SM
MD
LG