Линкови за пристапност

САД велат дека го разгледуваат одговорот на Хамас за прекин на огнот во Газа


Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен е на Блискиот Исток на разговори за прекин на огнот и повоени планови во Газа
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен е на Блискиот Исток на разговори за прекин на огнот и повоени планови во Газа

Хамас одговори на предлогот поддржан од САД за прекин на огнот во Газа преку катарските и египетските посредници.

Катар и Египет го разгледуваат одговорот и потврдија дека ќе продолжат со посредувањето со САД. САД велат дека го разгледуваат одговорот на Хамас.

Според Хамас и помалата милитантна група Исламски џихад, тие се подготвени „да се справат позитивно за да постигнат договор“, давајќи приоритет на „целосно запирање“ на војната.

И Израел и Хамас побараа планот да ги поддржи нивните цели, што поставува прашања за способноста за финализирање на договорот.

„Одговорот на Хамас го потврди ставот на групата, секој договор мора да стави крај на ционистичката агресија врз нашиот народ, да ги извлече израелските сили, да ја реконструира Газа и да постигне сериозен договор за размена на затвореници“, рече претставник на Хамас.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен е на Блискиот Исток на разговори за прекин на огнот и повоени планови во Газа.

Во тие дискусии, САД велат дека обезбедуваат дополнителна хуманитарна помош за палестинските цивили во Газа и околниот регион како одговор на тешките хуманитарни услови.

„Денес најавувам дополнителна нова помош од 404 милиони долари за Палестинците, како дополнение на повеќе од 1,8 милијарди долари за развојна, економска и хуманитарна помош што САД ја обезбедија од 2021 година“, објави Блинкен на конференцијата за хуманитарна помош чиј домаќин беше Јордан. Тој ги повика и другите донатори да ги зголемат своите придонеси.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG