Линкови за пристапност

САД следат четири руски воени авиони во близина на Алјаска


Војската на САД потврди дека четири руски воени авиони биле следени како работат во близина на американската сојузна држава Алјаска доцна во неделата и рано денес.

Командата за воздушна одбрана на Северна Америка соопшти дека го „открила и следела“ леталото што оперира во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.

„Рускиот авион остана во меѓународниот воздушен простор и не влезе во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Оваа руска активност во Алјаска се случува редовно и не се гледа како закана“, се вели во соопштението на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка.

„Командата за воздушна одбрана на Северна Америка останува подготвена да употреби голем број опции за одговор во одбрана на Северна Америка“, рече командата.

Денес, исто така, британското кралско воздухопловство соопшти дека со борбени авиони пресретнало два руски бомбардери додека минувале северно од Обединетото Кралство.

Портпаролот на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка, за Гласот на Америка изјави дека на неговата канцеларија во овој момент не ѝ било кажано ништо што ќе ги поврзе летовите на руските бомбардери во понеделник во близина на Обединетото Кралство со летовите на руската војска во близина на американската сојузна држава Алјаска.

Војската на САД потврди повеќе операции на руски воени авиони оваа година.

XS
SM
MD
LG