Линкови за пристапност

САД ќе продолжат со разузнавачките мисии над Црното Море во близина на Украина, рече Пентагон


Задолжително е Русија да управува со своите авиони на безбеден и професионален начин, рече денес секретарот за одбрана Лојд Остин
Задолжително е Русија да управува со своите авиони на безбеден и професионален начин, рече денес секретарот за одбрана Лојд Остин

Шефот на Пентагон Лојд Остин денес вети дека ќе продолжат разузнавачките мисии над Црното Море во близина на Украина, дури и по вчерашниот инцидент, при кој САД соопштија дека руски борбен авион се судрил со американско беспилотно летало, принудувајќи го американскиот оператор со беспилотни летала да го урне.

„САД ќе продолжат да летаат и да дејствуваат секаде каде што дозволува меѓународното право“, им рече Остин на одбранбените лидери од сојузничките земји кои ја поддржуваат Украина против 13-месечната инвазија на Русија.

„Задолжително е Русија да управува со своите авиони на безбеден и професионален начин“, им рече Остин на своите колеги на виртуелен состанок од Пентагон.

Тој рече дека собореното американско беспилотно летало MQ-9 „вршело рутински операции“ во меѓународниот воздушен простор, кога пар руски авиони „се вклучиле во опасни, несовесни и непрофесионални практики“.

„Оваа опасна епизода е дел од моделот на агресивни, ризични и небезбедни акции на руските пилоти во меѓународниот воздушен простор“, рече тој.

Русија рече дека размислува да се обиде да го обнови дронот, но американските власти рекоа дека нејзините оперативци можеле далечински да го избришат чувствителниот софтвер на дронот за да ја спречат Русија да собира тајни информации.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби денес за Си-Ен-Ен изјави дека дронот „не е пронајден и не сум сигурен дека ќе можеме да го вратиме“.

САД немаат бродови во Црното Море, кое во голема мера е контролирано од Русија.

Дел од информациите се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG