Линкови за пристапност

САД се противат на израелска окупација на Газа по конфликтот, вели Белата куќа


Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, изјави за новинарите дека Израел и САД се пријатели и не мора да се согласуваат за секое прашање
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, изјави за новинарите дека Израел и САД се пријатели и не мора да се согласуваат за секое прашање

САД ќе се спротивстават на повторното окупирање на Газа од страна на израелската војска во постконфликтната Газа, соопшти денес Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, изјави за новинарите дека Израел и САД се пријатели и не мора да се согласуваат за секое прашање.

Потпретседателката на САД Камала Харис, пак, во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог ја истакна важноста од заштита на животите на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право, соопшти Белата куќа.

И американскиот претседател Џо Бајден му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот дека е неопходно да се преземат чекори за заштита на палестинските цивили, иако тој ја повтори својата поддршка за напорите на Израел да ги заштити своите граѓани од Хамас, соопшти Белата куќа.

„Претседателот ја повтори својата цврста поддршка за Израел и заштитата на израелските граѓани од Хамас и сите други закани, а исто така го нагласи императивот да се заштитат палестинските цивили и да се намали цивилната штета во текот на воените операции“, пишуваше во соопштението во кое се наведува повикот меѓу двајцата лидери.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пак, на турнеја низ регионот се обиде да ги намали ризиците од ескалација на конфликтот, да добие поголема помош во Газа и да подготви планови за одржлива иднина и за Израел и за Палестинците.

Вашингтон бара паузи во борбите за да дозволи помош наместо прекин на огнот, тврдејќи, како Израел, дека милитантите на Хамас само ќе ја искористат предноста.

XS
SM
MD
LG