Линкови за пристапност

Нема да има американски мировни трупи во Газа, соопшти Белата куќа


Нема планови или намери да се сместат американските воени трупи на теренот во Газа, сега или во иднина, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби
Нема планови или намери да се сместат американските воени трупи на теренот во Газа, сега или во иднина, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби

Белата куќа денес соопшти дека САД нема да испратат американски војници на теренот во Газа во каква било идна мировна улога, додека разговараат со сојузниците како би изгледала Газа по конфликтот.

„Нема планови или намери да се сместат американските воени трупи на теренот во Газа, сега или во иднина“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби, исто така, рече дека САД не веруваат дека проиранската палестинска милитантна група Хамас може да биде вклучена во идното управување со појасот Газа кога ќе заврши војната со Израел.

Додека регионот стравува од потенцијална бегалска криза меѓу луѓето што живеат во Газа, Кирби рече дека САД не поддржуваат трајно населување на цивили од Газа надвор од Газа, со која управува Хамас.

Со зголемувањето на бројот на цивилни жртви во Газа во војната меѓу Израел и Хамас, Кирби рече дека Вашингтон не верува дека сега е време за генерален прекин на огнот, но оти се неопходни хуманитарни паузи во непријателствата.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 8.796 Палестинци во тесната крајбрежна енклава, вклучително и 3.648 деца, биле убиени од израелските напади од 7 октомври.

Додека САД и нивните сојузници и партнери разговараат за опциите за повоена Газа, Кирби рече дека тоа што Хамас ќе биде на чело би било проблематично по неговото убиство на 1.400 луѓе, главно цивили, во јужен Израел на 7 октомври.

„Ние веруваме дека Хамас не може да биде иднината на владеењето во Газа. Тие не можат“, рече Кирби.

„Она што доаѓа по конфликтот, сè уште ги немаме сите одговори, но работиме со нашите партнери во регионот за да истражиме како може и треба да изгледа владеењето во Газа“.

XS
SM
MD
LG