Линкови за пристапност

САД прославија 247 години независност


САД го прославија Денот на независноста.

Претседателот Џо Бајден го гледаше огнометот во Вашингтон со семејството во Белата куќа.

Празникот го слави едногласното усвојување на Декларацијата за независност на Вториот континентален конгрес на 4 јули 1776 година, документ со кој се најавува одвојување на колониите од Велика Британија.

Една година подоцна, според Библиотеката на Конгресот, спонтана прослава во Филаделфија ја одбележа годишнината од американската независност.

„Денес ја славиме нашата независност, нашите слободи“, рече претходно Бајден.

Тој додаде дека денешниот празник потсетник дека демократијата никогаш не е загарантирана и оти секоја генерација мора да се бори за да ја одржи.

„Америка е единствената држава во светот создадена врз основа на идеја дека сите луѓе се создадени еднакви“, рече тој.

Дел од информациите се од АП

XS
SM
MD
LG