Линкови за пристапност

Демократијата никогаш не е загарантирана, рече Бајден за Денот на независноста


Денес ја славиме нашата независност, нашите слободи, рече претседателот на САД
Денес ја славиме нашата независност, нашите слободи, рече претседателот на САД

Американскиот претседател Џо Бајден го прославува празникот Денот на независноста со серија настани во Белата куќа.

Претседателот и првата дама Џил Бајден се домаќини на многу семејства на војници, го ги пречекаа со скара.

„Денес ја славиме нашата независност, нашите слободи“, рече Бајден.

Тој додаде дека денешниот празник потсетник дека демократијата никогаш не е загарантирана и оти секоја генерација мора да се бори за да ја одржи.

„Америка е единствената држава во светот создадена врз основа на идеја дека сите луѓе се создадени еднакви“, рече тој.

Настанот во Белата куќа, исто така, ќе обезбеди одлична локација за гледање на огнометот на Националното шеталиште на Вашингтон.

Пред Конгресот ќе има годишен концерт што ќе се пренесува на телевизија. Изведувачи оваа година се Чикаго, Бејбифејс, Националниот симфониски оркестар и Армискиот бенд на САД.

Вашингтон, исто така, е домаќин на својата традиционална парада на Денот на независноста.

XS
SM
MD
LG