Линкови за пристапност

Паради, ладно пиво и огномети пред Денот на независноста на САД


Огнометот останува во центарот на Денот на независноста, празник кој се прославува 247 години
Огнометот останува во центарот на Денот на независноста, празник кој се прославува 247 години

Вашингтон, главниот град на САД се подготвува да прослави 247 години од независност утре, а помалите градови веќе почнаа со свои сопствени традиции за одбележување на денот.

„Нека ѕвони слободата“, велат жители на мало гратче во Вирџинија, кои се собраа за рана прослава на Денот на независноста.

Оваа прослава привлекува илјадници гости од 1996 година.

„Споделуваме многу знамиња и се обидуваме да дадеме и малку историја заедно со нив. На децата им се допаѓа бојата, им се допаѓа ѕвонењето на ѕвончето“, велат тие.

Фестивалот обединува различни заедници во духот на независноста.

„Живееме во иста заедница, сакавме да бидеме дел од заедницата, знаете, возбудени сме за огнометот“, велат тие.

Мотото на прославата е живот, слобода и потрага по среќа – зборови од Декларацијата за независност.

Денот на независноста, генерално се слави со паради и ладно пиво и, се разбира, огномет. Пиротехничките средства го прават и особено опасен празник, што обично резултира со повеќе од 10.000 итни случаи во болница.

Сепак, огнометот останува во центарот на Денот на независноста, празник кој се прославува 247 години.

Празникот го слави едногласното усвојување на Декларацијата за независност на Вториот континентален конгрес на 4 јули 1776 година, документ со кој се најавува одвојување на колониите од Велика Британија.

Една година подоцна, според Библиотеката на Конгресот, спонтана прослава во Филаделфија ја одбележа годишнината од американската независност.

Дел од информациите се од АП

XS
SM
MD
LG