Линкови за пристапност

САД подготвуваат повеќе акции по нападот на американската база во Јордан


Ниту Бајден, ниту неговите официјални лица, не соопштија детали
Ниту Бајден, ниту неговите официјални лица, не соопштија детали

Како што САД подготвуваат „повеќе акции“ како одговор на нападот со беспилотно летало од милитантите поддржани од Иран во кој загинаа американски војници, Катаиб Хезболах, еден од помоќните ирански посредници, со седиште во Ирак, објави дека ги прекинува сите свои воени операции против американските војници во регионот.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека одлучил за воен курс на дејствување, како одговор на нападот врз американската база во Јордан во близина на границата со Ирак и Сирија, во кој загинаа тројца американски војници, а повеќе од 40 други беа ранети.

Ниту Бајден, ниту неговите официјални лица, не соопштија детали.

Но, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, рече дека целта е да се осигура дека САД ги деградираат способностите на групите да ги нападнат американските трупи и објекти.

„Претседателот ќе направи се` што треба да направи за да ги заштити нашите војници и нашите капацитети и да се грижи за нашите национални безбедносни интереси во регионот“, рече тој, додавајќи дека наредбата на Бајден ќе биде пристап кој опфаќа „потенцијално повеќе акции“.

Во неделниот напад врз американската база во Јордан беа убиени првите американски војници на Блискиот Исток по избувнувањето на израелската војна со Хамас во Газа на 7 октомври.

XS
SM
MD
LG