Линкови за пристапност

САД одобрија уште еден ковид бустер за лица на 65 години и постари


Администрацијата за храна и лекови летово ќе одлучи дали на помладите, здрави луѓе ќе им биде понуден втор двовалентен засилувач
Администрацијата за храна и лекови летово ќе одлучи дали на помладите, здрави луѓе ќе им биде понуден втор двовалентен засилувач

Американските регулатори денес дозволија уште една дополнителна доза вакцина против ковид-19 за постарите возрасни лица и оние со слаб имунолошки систем, со цел да ја зајакнат заштитата оваа пролет.

Администрацијата за храна и лекови соопшти дека секое лице на 65 години или постаро може да одлучи повторно да прими вакцина, доколку поминат најмалку четири месеци од нивната прва доза на таканаречената бивалентна вакцина која ги таргетира омикронските соеви.

Повеќето луѓе со слаб имунитет можат да изберат друг бивалентен засилувач најмалку два месеца подоцна, со дополнителни дози во иднина по консултација со нивниот лекар.

За сите останати, без разлика дали се работи за прва вакцина или засилувач, Администрацијата за храна и лекови рече дека оригиналните верзии на вакцините „Фазер“ и „Модерна“ се застарени и повеќе нема да се користат.

Наместо тоа, секој што ќе прими „Фазер“ и „Модерна“ ќе ја добие поновата верзија адаптирана за омикрон. За повеќето луѓе, ако тоа е нивната прва вакцина, само една комбинирана доза ќе биде доволна.

Секој што ги примил оригиналните вакцини, но сè уште немал засилувач против омикрон, сè уште може да добие, но агенцијата ќе одлучи во текот на летото дали на помладите, здрави луѓе на крајот ќе им биде понуден втор двовалентен засилувач.

„Во оваа фаза од пандемијата, податоците го поддржуваат поедноставувањето на употребата на вакцините „Фазер“ и „Модерна“, рече Питер Маркс, шефот за вакцини во Администрацијата за храна и лекови.

„Агенцијата верува дека овој пристап ќе помогне да се поттикне идната вакцинација“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG