Линкови за пристапност

САД не се сигурни каде е Пригожин, рече Бајден


Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам, ќе внимавав на моето мени, рече претседателот на САД според транскриптот на Белата куќа
Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам, ќе внимавав на моето мени, рече претседателот на САД според транскриптот на Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека САД не се сигурни каде се наоѓа Пригожин, но се пошегува дека началникот на платениците би можел да биде отруен.

„Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, рече Бајден, според транскриптот на Белата куќа.

„Но, сето шега на страна... Мислам дека никој од нас не знае со сигурност каква е иднината на Пригожин во Русија“.

Вагнер ѝ помогна на Русија да го анектира Крим во 2014 година, се бореше против милитантите на Исламската држава во Сирија, дејствуваше во Централноафриканската Република и Мали и го презеде украинскиот град Бахмут за Русија на почетокот на оваа година со значителни загуби од двете страни

Кремљ денес рече дека не постои правно лице по име „Вагнер“ и оти правниот статус на таквите компании е комплициран што треба да се разгледа.

Путин потоа раскажа детали за состанокот во Кремљ на 29 јуни со 35 команданти на „Вагнер“, на кој им предложил неколку опции за продолжување на борбите, вклучително и дека високиот функционер на Вагнер, познат по неговото име „Sedoi“ или „седа коса“, ќе го преземе лидерството.

Според документите за санкциите на Европската Унија, француските официјални документи, извори со знаење за ова прашање и извештаите во руските медиуми, „Седои“ е борбеното име на Андреј Трошев, висок командант на „Вагнер“.

Високо одликуван ветеран од руските војни во Авганистан и Чеченија, Трошев е од Санкт Петербург, родниот град на Путин, и е сликан со претседателот.

Пригожин не одговори на барањето за коментар.

Пригожин не е виден во јавноста откако го напушти јужниот руски град Ростов на 24 јуни.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека САД не се сигурни каде се наоѓа Пригожин, но се пошегува дека началникот на платениците може да биде отруен.

„Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, рече Бајден, според транскриптот на Белата куќа.

„Но, сето шега на страна... Мислам дека никој од нас не знае со сигурност каква е иднината на Пригожин во Русија“.

Вагнер ѝ помогна на Русија да го анектира Крим во 2014 година, се бореше против милитантите на Исламската држава во Сирија, дејствуваше во Централноафриканската Република и Мали и го презеде украинскиот град Бахмут за Русија на почетокот на оваа година со значителни загуби од двете страни.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG