Линкови за пристапност

По бунтот на „Вагнер“ се открива слабоста на Путин, велат западните лидери


Од друга страна, сојузникот на Москва, Кина, бунт го опиша како „руска внатрешна работа“.   
Од друга страна, сојузникот на Москва, Кина, бунт го опиша како „руска внатрешна работа“.   

Водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, наводно побегнал во Белорусија по неговиот напуштен бунт.

Белорусија и Полска ја делат границата од 400 километри. Хаосот во Русија ја прави нервозна Варшава.

„Не знаеме, и никој во светот не знае кои биле вистинските причини зад настаните“, рече премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, рече дека бунтот откри слабост во лидерството на рускиот претседател Владимир Путин.

„Чудовиштето што Путин го создаде со Вагнер, монструмот сега го гризе. Тоа чудовиште дејствува против својот творец. Политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пука“, вели Борел.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли истакна дека Пригожин ја доведе во прашање оправданоста на Путин за инвазијата на Украина.

„Лагите на руската влада беа разоткриени од еден од послушниците на претседателот Путин“, кажа Клеверли.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го повтори тој став.

„Уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Путин со неговата илегална анексија на Крим и војната против Украина“, изјави Столтенберг.

Може ли Украина да ги искористи превирањата во Русија?

„Секако, ова почнува да отвора некои врати на можности, но ние нема да брзаме низ нив. Ги земаме како што се применливи на планот што Украина веќе го постави“, кажа поранешниот командат на американската европска команда, генералот Филип Бридлав.

Во меѓувреме, сојузникот на Москва, Кина, го опиша обидот за бунт како „руска внатрешна работа“.

„Кина ја поддржува Русија во одржувањето на националната стабилност и постигнувањето развој и просперитет“, кажа портпаролот на кинеското МНР, Мао Нинг.

Земјите-членки на Европската унија се согласија да го зголемат специјалниот фонд што се користи за финансирање воена помош за Украина за 3,8 милијарди долари, со што нејзиниот плафон ќе биде над 13 милијарди долари.

Лидерите на ЕУ треба да се состанат за да разговараат за натамошната поддршка за Украина.

Реакции по бунтот на „Вагнер“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00
XS
SM
MD
LG