Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави повеќе од 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Палестинците.
„Ајде да работиме заедно за да обезбедиме повеќе помош да стигне во Газа и штом ќе биде во Газа, да стигне до луѓето на кои им е најпотребна“, рече Блинкен.
Хамас вели дека сака амандмани на планот за прекин на огнот поддржан од САД со кој, меѓу другите точки, се разменуваат израелски заложници за палестински затвореници, неколку часа откако Блинкен се сретна во Тел Авив со членовите на семејствата на заложниците кои сè уште ги држи Хамас.
„Работиме секоја минута за да ги донесеме сите дома“, кажа Блинкен.
„Тие беа воодушевени од спасувањето на четворица заложници пред само неколку дена, но и понатаму длабоко, силно ја чувствуваат оваа трајна одвоеност од нивните најблиски“.
Канцеларијата на ОН за човекови права вчера соопшти дека двете страни можеби извршиле воени злосторства во врска со рацијата што ги донесе заложниците дома.