Линкови за пристапност

САД ќе испратат противракетен систем и војници да работат со него во Израел


Системот THAAD е лансиран за време на успешен тест за пресретнување, на оваа фотографија без датум, обезбедена од Одделот за одбрана на САД
Системот THAAD е лансиран за време на успешен тест за пресретнување, на оваа фотографија без датум, обезбедена од Одделот за одбрана на САД

СAД вчера објавија дека испраќаат напреден ракетен одбранбен систем во Израел и околу 100 американски војници да управуваат со него.

Системот за одбрана на висока височина е копнен пресретнувач дизајниран да се брани од балистички ракети. Неговото распоредување доаѓа откако Иран лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел на први октомври, по израелскиот напад врз Бејрут во кој беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала, а Израел сега планира одмазднички напад врз Техеран.

Системот се користи за соборување балистички ракети. Нема боеви глави и не се користи за изведување офанзивни напади.

На прашањето за одлуката во неделата, американскиот претседател Џо Бајден рече само дека му наредил на Пентагон да го распореди системот „за одбрана на Израел“.

Тој одби да одговори на следните прашања.

САД веќе се најголемиот снабдувач на оружје на Израел и портпаролот на Пентагон Рајдер во својата изјава рече дека батеријата „ќе го зголеми интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана“.

Иранскиот министер за надворешни работи на Икс рече дека Иран „нема црвени линии во одбраната на нашиот народ и интереси“.

Неговите коментари се чинеше дека имаат намера да ги отфрлат сугестиите дека Иран ќе го апсорбира израелскиот напад без понатамошен одговор, како што направи Техеран на почетокот на оваа година, кога Израел последен пат го погоди Иран по иранските ракети.

Тековниот конфликт на Блискиот Исток започна кога милитантите на Хамас го нападнаа Израел во октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе и заробувајќи околу 250 заложници.

Израел вели дека верува оти Хамас сè уште држи 101 заложник, вклучително и 35 за кои војската вели дека се мртви.

Во израелската контраофанзива во Газа загинаа повеќе од 42.200 Палестинци, според Министерството за здравство на територијата, кое не прави разлика меѓу борци и цивили во својата бројка.

Војната расели околу 90% од 2,3 милиони жители на Газа, многу пати додека бегаа од борбите.

Хамас е прогласен за терористичка група од САД, Велика Британија и други западни земји.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG