Линкови за пристапност

Израел најави копнени операции во југозападен Либан


Фотографија направена на 8 октомври 2024 година, од позиција во северен Израел, во близина на границата со Либан, покажува чад по израелското бомбардирање на либанска територија
Фотографија направена на 8 октомври 2024 година, од позиција во северен Израел, во близина на границата со Либан, покажува чад по израелското бомбардирање на либанска територија

Израелската војска денес објави дека започнала копнени операции во југозападниот дел на Либан, означувајќи го проширувањето на нападот, за кој израелските власти велат дека има цел да ги потисне милитантите на Хезболах назад од границата.

Како и со своите првични копнени операции во Либан, кои започнаа на 30 септември, израелската војска ги опиша новите напори како „ограничени, локализирани, насочени операции“.

Копнената кампања ја придружува широката воздушна офанзива, која вклучуваше нови воздушни напади денес врз област во Бејрут.

Израелската војска соопшти дека во воздушен напад бил убиен висок командант на Хезболах, Сухаил Хусеини, кој бил вклучен во трансферот на оружје од Иран на милитантната група со седиште во Либан.

Нападот дојде 10 дена откако во израелски напад беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала во услови на брзо проширување на израелската воена кампања во Либан.

Заменик-лидерот на Хезболах Наим Касем денес рече дека групата останува организирана и ги надминала „болните удари“.

Хезболах соопшти дека денес истрелал ракети врз северниот израелски град Хаифа, додека Израел соопшти дека открил десетици лансирања кои преминале од Либан.

Конфликтот поттикна бројни влади да ги евакуираат своите граѓани од Либан.

Турција соопшти дека испраќа два брода на морнарицата во Бејрут за да евакуираат 2.000 свои граѓани почнувајќи од утре.

САД денес соопштија дека два лета олеснети од Стејт департментот евакуирале 180 луѓе од Бејрут до Истанбул.

XS
SM
MD
LG