Претседателот на Украина ги повика лидерите кои се собраа на годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, да дадат поголема воена помош за неговата земја – или да ризикуваат Русија да нападне други нации.
Светскиот економски форум обединува политички и деловни лидери од целиот свет.
Со големо внимание фокусирано на конфликтот на Блискиот Исток, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј ја искористи сцената во Давос за да го потсети светот што е загрозено во војната на неговата земја против руските напаѓачи – поради стравувањата од заморот на Западот.
„Ако некој мисли дека се работи само за нас, се работи само за Украина, тој во основа се лаже. Можните насоки, па дури и временската рамка за нова руска агресија надвор од Украина стануваат се поочигледни... И ако некој мора заедно да се бори против рускиот претседател Владимир Путин во годините што следат, зарем не е подобро да се стави крај на него и неговата војна стратегија сега, додека нашите храбри мажи и жени веќе го прават тоа?“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Москва не ја коментираше изјавата на Зеленски.