Линкови за пристапност

Белата куќа го повика Конгресот да продолжи да ја финансира воената поддршка за Украина


Воените аналитичари велат дека ситуацијата на терен изгледа како ќор-сокак, при што многу помалата Украина покажува голема решителност против далеку поголем непријател.
Воените аналитичари велат дека ситуацијата на терен изгледа како ќор-сокак, при што многу помалата Украина покажува голема решителност против далеку поголем непријател.

Русија и Украина влегоа во 2024 година со меѓусебни напади, додека Украина продолжува со напорите да ги истисне руските инвазивни сили.

Но, голем дел од драмата околу овој конфликт е фокусирана во Вашингтон, каде што републиканците не сакаат да го одобрат итното барање на претседателот Џо Бајден за десетици милијарди долари помош за Украина.

Мрачен почеток на годината, додека Украина се приближува на годишнината од почетокот на нејзината исцрпувачка битка против руската инвазија во февруари 2022 година.

Додека светот го дочека почетокот на 2024 година, Москва го ракетираше главниот град Киев и североисточниот град Харков.

Киев возврати, и повторно го погоди рускиот пограничен регион Белгород.

Но, голем дел од драмата зад овој конфликт се одвива на другата страна на планетата, во Вашингтон, каде републиканците не се расположени да го одобрат барањето на претседателот Џо Бајден за околу 64 милијарди долари воена и владина поддршка за Украина. Тие наведуваат загриженост за отчетноста и дали САД можат да си дозволат да го преземат товарот - додека Белата куќа вели дека не може да се дозволи губење на време.

“И покрај она што го прочитав последните неколку дена за г-динот [Владимир] Путин, во некои печатени извештаи, дека тој одеднаш е подготвен да преговара, тој сигурно не се однесува како човек кој е подготвен да преговара. Тој прави се што може да ги натера Украинците да потклекнат, што го прави дотолку поважно барањето за дополнително финансирање што го поднесе претседателот.”, изјави Џон Кирби од Националниот совет за безбедност.

Воените аналитичари велат дека ситуацијата на терен изгледа како ќор-сокак, при што многу помалата Украина покажува голема решителност против далеку поголем непријател.

“Без американска помош, украинската воена способност ќе се намали и, на крајот, тие нема да можат да се спротивстават на руските напади. Дури и сега веројатно немаат доволно муниција и залихи за да започнат контраофанзива. За неколку месеци ќе им биде тешко дури и да изведуваат контранапади. Мислам дека до крајот на пролетта ќе им биде тешко да ги задржат Русите. Значи, битката за воена помош е клучна за иднината на конфликтот.”, истакна Марк Кансиан, Центар за стратешки и меѓународни студии.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна вети дека ќе ја продолжи борбата.

“Ќе продолжиме. Веројатно забележавте дека наредниот ден имаше погодоци, а ние ги правиме и денес, а ќе ги правиме и утре.”, оцени рускиот претседател Владимир Путин.

Овој конфликт го привлече глобалното внимание, при што лидерот на католичката црква ја искористи својата платформа за да го привлече вниманието на страдањата.

“И да не ги заборавиме популациите во војна. Војната е глупава. Војната е секогаш пораз. Секогаш пораз. Да се молиме.”

Но, молитвите имаат ограничена моќ. Она што Украина вели дека и треба сега - е оружје.

XS
SM
MD
LG