Линкови за пристапност

Руската инвазија на Украина е ризик за суверенитетот на други држави, кажа Филипенко


Ако руската агресија остане нерешена, тоа ќе доведе до дополнителнo насилство, рече амбасадорката на Украина во Обединетите нации во Женева
Ако руската агресија остане нерешена, тоа ќе доведе до дополнителнo насилство, рече амбасадорката на Украина во Обединетите нации во Женева

Амбасадорката на Украина во Обединетите нации во Женева Евгенија Филипенко, денес предупреди дека „руската неиспровоцирана и неоправдана инвазија на Украина пред две години претставува голема закана за мултилатерализмот и Повелбата на ОН“, која го поддржува владеењето на правото и основните слободи ширум светот.

Филипенко им рече на новинарите дека агресијата на Русија против нејзината земја всушност започнала пред 10 години со нејзиниот обид да ја анектира и окупира територијата на Украина, вклучувајќи ја и автономната Република Крим.

„Ако руската агресија остане нерешена, тоа ќе доведе до дополнително насилство“, рече таа. „Светот мора да остане обединет во борбата против оваа голема закана за мултилатерализмот, Повелбата на ОН и принципот на меѓународното право“.

Филипенко рече дека Украина планира да го привлече меѓународното внимание на систематското, грубо кршење на човековите права и основните слободи од страна на Руската Федерација во Украина на Советот за човекови права на ОН, кој започнува шестнеделна седница следниот понеделник.

Таа рече дека нејзината делегација ќе ги истакне „недискриминираните, континуирани напади врз цивилната инфраструктура во Украина, извршени на речиси секојдневна основа“, истакнувајќи дека „десетици проектили се фрлаат врз украинските градови, со единствена цел да се уништат земјата и нејзиниот народ .

„Но, знаеме дека Русија никогаш нема да успее, бидејќи ние се бориме за постоењето на Украина како суверена нација, а се бориме и за секоја земја-членка на ОН, за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, рече таа.

Од почетокот на војната, Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, објави дека најмалку 10.000 цивили биле убиени, а повеќе од 18.000 се повредени, 3,6 милиони луѓе се раселени во Украина, а други 6,3 милиони избегале во други земји.

Светската здравствена организација (СЗО) верификуваше 1.552 напади врз здравствената заштита, вклучувајќи здравствени установи, амбулантни возила, здравствени работници.

Филипенко рече дека Русија уништила 40 отсто од економијата на Украина и поставила мини на една третина од нејзината територија, „што ја прави Украина една од најминираните земји во светот“.

Во извештајот објавен на 15 февруари од страна на владата на Украина, Групацијата Светска банка, Европската комисија и Обединетите нации, се проценува дека „вкупните трошоци за реконструкција и закрепнување во Украина изнесуваат 486 милијарди долари во текот на следната деценија, што е повеќе од 411 милијарди долари проценети пред една година."

XS
SM
MD
LG