Линкови за пристапност

Велика Британија ќе обезбеди илјадници дронови на Украина


Велика Британија денес соопшти дека ќе испорача уште илјадници дронови на Украина како дел од нејзиниот пакет со беспилотни летала вреден 200 милиони фунти (251 милион долари), како меѓународен напор што го води со Летонија.

„Заедно, (Обединетото Кралство и Летонија) ќе ѝ ги дадат на Украина потребните капацитети за да се одбрани и да победи во оваа војна, за да се осигура (рускиот претседател Владимир) Путин да не успее во неговите незаконски и варварски амбиции“, рече британскиот министер за одбрана, пред средбите со сојузниците во Брисел и Минхен оваа недела.

Американската потпретседателка Камала Харис и државниот секретар Ентони Блинкен утре ќе присуствуваат на годишниот безбедносен собир во Европа, помалку од една недела откако поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворитот за републиканската претседателска номинација, рече дека нема да ги брани сојузниците од НАТО кои не потрошиле доволно за одбраната.

Тие се соочуваат со тешка задача на годишната конференција - да ги смират сојузниците дека САД остануваат посветени на одбраната на нивната безбедност.

XS
SM
MD
LG