Линкови за пристапност

Русија одби да го ослободи од притвор американскиот новинар Гершкович


САД во неколку наврати им порачаа на американските граѓани да ја напуштат Русија поради ризик од произволно апсење. 
САД во неколку наврати им порачаа на американските граѓани да ја напуштат Русија поради ризик од произволно апсење. 

Рускиот суд денеска одби да го ослободи американскиот новинар Еван Гершкович од притвор додека го чека судењето за обвинувањата за наводна шпионажа на Русија додека известувал минатиот месец.

31-годишниот репортер на Вол Стрит Журнал бил изведен на суд во Москва. Тој побарал да му биде определен домашен притвор додека го чека судењето.

Во судницата беше присутна амбасадорката на САД во Русија, Лин Трејси, која вчера го посети Гершкович.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно во вторникот изјави дека Гершкович е „во добро здравје и добар дух, имајќи ги предвид околностите“, по неговото апсење во Русија кон крајот на март.

Во изјава пред новинарите во Јапонија, Блинкен рече дека САД продолжуваат да „повикуваат на негово итно ослободување од овој неправеден притвор“.

Гершкович беше уапсен во град на 1 800 километри источно од Москва. Русија без да прикаже докази тврди дека тој бил „фатен на дело“ додека шпионирал, собирајќи, како што тврдат, државни тајни за воено индустриски комплекс.

Неговиот весник и американската влада го отфрлија обвинението за шпионажа, кое, доколку биде осуден, затворската казна може да трае до 20 години.

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече притворот на новинарот „целосно незаконски“ и му кажа на семејството дека работи за ослободување на Гершкович. САД официјално објавија дека новинарот е „погрешно приведен“ и дека е држен како заложник.

САД во неколку наврати им порачаа на американските граѓани да ја напуштат Русија поради ризик од произволно апсење.

Дел од информациите се од агенцијата Франц прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG