Украинската војска денес соопшти дека соборила 67 од 73 руски воздушни беспилотни летала лансирани во ноќните напади врз области низ Украина.
Покрај беспилотните летала, украинската противвоздушна одбрана соборила и една од трите ракети на Русија.
Пресретнувањата се извршени над регионите Черкаси, Чернихив, Днепар, Харков, Киев, Полтава, Суми, Виница и други, соопшти украинското воздухопловство.
Официјални лица во Днепар денес изјавија дека нападите со беспилотни летала и артилерии оштетиле најмалку 10 домови.
Серхиј Попко, шеф на градската воена управа на Киев, рече дека воздушните тревоги биле активни во главниот град на Украина пет часа, но дека противвоздушната одбрана ги пресретнала сите напади насочени кон Киев.
Руското министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека уништило две украински воздушни беспилотни летала, и двете над регионот Белгород кој се наоѓа долж руско-украинската граница.
Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгород, објави дека едно лице загинало, а друго е повредено во украинските напади.
Дел од информациите во текстот се од Ројтерс