Линкови за пристапност

Русија евакуира уште 20.000 жители од областа Курск


Евакуирани луѓе во регионот Курск чекаат да пополнат формулари за хуманитарна помош во центарот за дистрибуција на помош во Курск, Русија, 14 август 2024 година
Евакуирани луѓе во регионот Курск чекаат да пополнат формулари за хуманитарна помош во центарот за дистрибуција на помош во Курск, Русија, 14 август 2024 година

Руските власти најавија евакуација на уште 20.000 луѓе додека украинските војници продолжуваат да навлегуваат во регионот Курск.

Вршителот на должноста гувернер Алексеј Смирнов, на апликацијата за пораки Телеграм, изјави дека полицијата и другите власти ќе ја координираат евакуацијата на областа Глушков, која граничи со Украина.

Русија евакуираше речиси 200.000 луѓе откако Украина го започна својот прекуграничен напад на 6 август.

Украинскиот воен командант генерал Олександар Сирски рече дека повеќе од 100 руски војници се заробени, а претседателот Володимир Зеленски рече дека на крајот ќе бидат разменети за украински воени заробеници.

„Нашиот напредок во регионот Курск оди добро денес - ја постигнуваме нашата стратешка цел“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање вчера.

Значително е надополнет и „разменскиот фонд“ за нашата држава“, рече тој.

Прекуграничната инвазија на Украина напредуваше еден до два километра во регионот Курск од почетокот на денот, рече Зеленски.

Во првиот напад на руско тло по Втората светска војна, украинските војници презедоа контрола над 1.000 квадратни километри земја.

„Важно е Украина да се бори според правилата и мора да се задоволат хуманитарните потреби што постојат во оваа област“, додаде тој.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешук рече дека војската ќе отвори хуманитарни коридори за цивилите во регионот Курск под украинска контрола да можат да заминат на друго место во Русија или Украина.

„Колку повеќе се уништува руското воено присуство во пограничната област, толку поблизок ќе биде мирот и вистинската безбедност за нашата земја“, рече Зеленски во вторникот.

„Руската држава мора да одговара за она што го направила“.

Додека Киев рече дека нема намера трајно да ја држи руската територија, министерот за внатрешни работи Игор Клименко рече дека Украина сака да создаде тампон зона за да ги спречи руските напади.

„Создавањето тампон зона во регионот Курск е чекор за заштита на нашите погранични заедници од секојдневно непријателско гранатирање“, рече тој.

Во овој извештај се користени материјали од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG