Гувернерот на руската област Белгород во средата прогласи вонредна состојба по бомбардирањето на регионот од страна на Украина.
„Ситуацијата во регионот на Белгород и понатаму е исклучително тешка и напната“, вели Вјачеслав Гладков во видеото објавено на апликацијата за пораки Телеграм.
„Куќи се уништени. Цивилите загинаа и има повредени“.
Тој додаде дека „ќе се воведе вонредна состојба и на регионално ниво со барање до владината комисија да прогласи сојузна вонредна состојба“. Во соседниот регион Курск, украинските сили контролираат 74 населени места, според украинскиот претседател.
„Стотици руски војници веќе се предадоа, и сите кои ќе се предадат добиваат хуман третман – таков третман не доживеале ниту во руската армија“, рече Володимир Зеленски во вечерното обраќање. „Докажавме уште еднаш дека ние, Украинците, сме способни да ги постигнеме нашите цели во секоја ситуација – согласно нашите интереси и нашата независност.“
Ова е најновиот развој на прекуграничниот напад на Украина врз Курск што започна пред една недела.
Украинските сили продолжуваат да напредуваат во Курск и зазедоа од еден до три километри во последните 24 часа.
Тоа не се совпаѓа со изјавата на рускиот генерал-мајор Апти Алаудинов, кој рече дека украинските трупи биле запрени при нападите врз селата од 26 до 28 километри од границата. Запрашан во вторникот за акцијата на Украина, американскиот претседател Џо Бајден рече дека е информиран на секои четири до пет часа во последните шест до осум дена на воената акција на Украина.