Вашингтон - По неколкунеделни исцрпувачки преговори, демократите и републиканците постигнаа договор на Капитол Хил да го задржат финансирањето и да работат федералните агенции до средината на март, избегнувајќи делулно затворање на владата пред празниците.
Таканаречената „континуирана резолуција“ - што се очекува да биде последниот главен закон усвоен од Конгресот оваа година - мора да помине во Претставничкиот дом предводен од републиканците пред да се упати во Сенатот, кој мора да гласа пред крајот на неделата.
Нацртот за компромис потоа ќе биде испратен до претседателот Џо Бајден за негов потпис.
Домот има правило ниту еден предлог-закон да не може да се разгледува помалку од 72 часа пред објавувањето на текстот.
Тоа значи дека гласањето во Претставничкиот дом најверојатно ќе се одржи во петок, а Сенатот потенцијално ќе гласа истиот ден.
Преговорите беа заглавени во Конгресот бидејќи републиканците бараат милијарди долари нова економска помош за земјоделците. Демократите побараа неколку додатоци, како средства за покривање на трошоците за обнова на уништениот мост во Балтимор и Музеј во Вашингтон во чест на жените и латино-американската заедница.
Со оглед на тоа што новоизбраниот претседател Доналд Трамп сака да избегне одвлекување на вниманието додека сака да се врати во Белата куќа во јануари, републиканците немаат намери да гласаат против финансирање, особено пред Божиќ.
Нацрт-законот конкретно вклучува 100 милијарди долари помош при катастрофи што ги побара Бајден по двата разорни урагани во септември и октомври, како и 10 милијарди долари помош за американските земјоделци.
Републиканците ќе го вратат мнозинството во Сенатот на почетокот на јануари кога новоизбраните членови ќе положат заклетва. Инаугурацијата на Трамп ќе биде на 20 јануари.