Линкови за пристапност

Расте апсењето новинари во САД додека известуваат од протести


Расте апсењето новинари во САД додека известуваат од протести
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:43 0:00

Протестите против војната меѓу Израел и Хамас доведоа до пораст на судирите меѓу полицијата и новинарите во САД. И полицијата и репортерите одат на протестите заради работата што треба да ја вршат. Но, новинарите велат дека полицијата често ги попречува. Известува Робин Гес. .

Полицијата низ САД ги запира протестите во врска со војната Израел/Хамас, но новинарите велат дека и тие често се цел на напади од полицијата.

Овде, четворица полицајци ј привеле и ѝ ставиле лисици на рацете на колумнистката Робин Епли од калифорнискиот Сакраменто Би, додека известувала за протестите при неодамнешна седница на Градскиот совет.

„Ова е посебно лошо зашто луѓето што ми го прават тоа треба да не` заштитат. Полицијата треба да го спроведува законот. Во реалноста, тоа што тие го прават е кршење на законот“, вели Епли.

Полицијата на Сакраменто, во емаил, ја обвинува Епли за неносење на легитимација неодамна креирана за новинарите. Но Епли и други велат дека полицијата го прекршила законот на Калифорнија од 2021 што специфично ги штити новинарите кои покриваат протести.

Сенаторот на Калифорнија Мајк Мекгваер го напишал законот како одговор на протестите во врска со убиството на невооружениот Африкански Американец Џорџ Флојд во 2020. МекГваја вели дека во тоа време, полицијата нападнала и уапсила новинари заради вршење на нивната работа.

„Во многу случаи новинарите ги ризикуваат своите животи за да ја кажат приказната. Тоа што ние го знаеме е дека актот SB98 обезбедува една од најсилните заштити за новинарите во цела Америка“, истакна Мекгваер.

Конфликтите меѓу полицијата и новинарите за време на протестите во врска со Џорџ Флојд доведоа до промени кај полицијата во Минесота, Лос Анѓелес, Њујорк и на други места. Но проблемот останува, покажува групата за следење на слободата на печатот U.S. Press Freedom Tracker.

Податоците на оваа група покажуваат дека полицијата уапсила или привела 36 новинари што ги покривале демонстрациите по повод војната меѓу Хамас и Израел, од октомври наваму.

„Тоа што е во залог овде се нашите уставни права, нашите човекови права, Првиот Амандман, слободата на говорот, слободата на новинарството. Спроведувачите на законот тоа не го почитуваат“, вели Џон Фарина, новинар во Status Coup.

Фарина го снимил ова видео на новинарка турната и потоа уапсена од полицијата на Њујорк. Таа ги покривала мајските протести на Универзитетот Колумбија. Тој снимил и други инстанци на агресивност на њујоршката полиција спрема новинари.

Одделот на полицијата на Њујорк не одговори на барањето на Гласот на Америка за коментар.

Полицијата на Њујорк неодамна плати 10 милиони долари за порамнување во случај од 2021 инициран од новинари и протестанти кои велат дека полицијата ги нападнала и уапсила без причина за време на протестите за социјална правда во врска со Џорџ Флојд, во 2020.

„Не е тоа само монетарно порамнување. Баравме полицијата да ја промени својата политика и да ја промени обуката за третман барем на новинарите“, вели Микеј Остеракер од Национална асоцијација на фоторепортери.

Конфликти меѓу полиција и новинари за време на протести не се уникатни за САД. УНЕСКО најде дека покривањето протести насекаде во светот е меѓу најопасните работи што се дел од работата на новинарите. Од ОН додаваат дека полициските сили се најкритичен дел од она со што се соочуваат новинарите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG