Линкови за пристапност

Првото патување на Бајден во Африка требаше да се случи порано, велат аналитичари


Џо Бајден се среќава со премиерот на островската држава  Зелен ’Рт
Џо Бајден се среќава со премиерот на островската држава  Зелен ’Рт

Откако вети дека ќе ја посети Африка пред две години на самитот на САД за Африка во Вашингтон, претседателот Џо Бајден го прави своето прво претседателско патување на континентот, каде што е во посета на Ангола.

Аналитичарите во Африка велат дека патувањето требало да дојде порано, а некои прашуваат зошто Ангола е примарна дестинација - со оглед на нејзините вознемирувачки досиеја за човекови права.

Претставници на Белата куќа велат дека претседателот Џо Бајден со нетрпение очекува да го посети континентот по ветувањето што го дал во 2022 година.

Но, некои аналитичари велат за Гласот на Америка дека патувањето на Бајден, кое доаѓа неколку недели пред да замине од функцијата, ќе имаше поголема тежина доколку го направеше тоа порано.

Лу Нел, висок политички аналитичар за „Оксфорд Економикс Африка“ зборуваше за Гласот на Америка од Јужна Африка.

„Мислам дека неговото патување е помалку значајно отколку што би било инаку само поради фактот што тој се повлече како претседателски кандидат и, се разбира, сега [не] се враќа за втор мандат“, рече Нел.

По кратка станица во островската држава Зелен ’Рт во близина на северозападниот брег на Африка, претседателот Бајден се упатува на југ кон Ангола.

Таму, официјалните лица велат дека тој планира да се фокусира на лидерството на САД во трговијата, инвестициите и инфраструктурата во Африка.

Уште поважно, претседателот Бајден ќе истакне една од неговите потписни иницијативи, инвестицијата на коридорот Лобито - регионален железнички проект што ги поврзува областите богати со природни ресурси што се протегаат од анголското пристаниште Лобито до Демократска Република Конго и Замбија.

Коридорот е дел од поширокиот заеднички напор меѓу повеќе партнери, чија цел е да се затвори инфраструктурниот јаз во растечките економии ширум светот, велат официјалните лица.

Д-р Френсис Браун, специјален асистент на претседателот и виш директор за африкански прашања во Националниот совет за безбедност, зборува за пошироките придобивки поврзани со проектот.

„Она што го најдов навистина забележливо за коридорот Лобито е дека не се работи само за железница или критични минерали. Се работи и за заедниците кои се зајакнати на тој пат, се работи за поголем пристап до образованието, се работи за земјоделските производи кои се префрлаат на пазарот и се работи за зголемување на дигиталната поврзаност“, рече Браун.

Минатата година, трговијата меѓу САД и Ангола изнесуваше приближно 1,77 милијарди долари, што ја прави Ангола четврти по големина трговски партнер на Америка во Субсахарска Африка.

Ангола има огромни наоѓалишта на минерали и е трет по големина производител на нафта во Африка.

Но, според „Амнести интернешенл“, богатството на природните ресурси на земјата не се претворило во просперитет за повеќето нејзини луѓе, што резултирало со бројни мирни протести против сиромаштијата, невработеноста и високите трошоци за живот.

Нел вели дека некои Анголци може да видат корист од оваа посета на Бајден.

„Многу обични Анголци ќе препознаат дека на Ангола очајно ѝ треба да ја диверзифицира својата економија, а ова е огромна можност да го стори тоа, да се оддалечи од нафтата и гасот и да ги зајакне другите делови од економијата и има огромен потенцијал“, рече Нел.

Но, другите, вклучително и активистите за човекови права и опозициските партии, вели Нел, ќе се чувствуваат вознемирени од посетата на претседателот Бајден бидејќи сметаат дека администрацијата на Ангола е наградена и покрај зголемената загриженост за смалувањето на просторот за независните граѓански организации и слободата на изразување.

Во новиот извештај, „Амнести интернешнл“ рече дека секој што јавно ја критикува владата ризикува апсење.

И ако „човековите права се централни за надворешната политика на претседателот Бајден, тогаш тој мора да побара од владата на Ангола веднаш ... да ги ослободи произволно притворените владини критичари“.

Адријано Нувунга, кој го води Центарот за демократија и човекови права во Мозамбик, го нагласува тоа чувство.

„Имаме голем број бранители на човекови права во Ангола кои се притворени неправедно, неправедно затоа што не направиле ништо. Тие гнијат во затвори, некои од нив во критични услови“, рече Нувунга.

Нувунга се надева дека ова може да се реши за време на ова патување.

XS
SM
MD
LG