Линкови за пристапност

Македонија: Протести на новинарите


Револт против големиот број тужби за клевета против седмата сила

Македонските судии да ја следат праксата на Стразбур, побараа новинарите во Македонија, кои преку денешниот протест пред Кривичниот суд во Скопје, го изразија својот револт против големиот број тужби за клевета против седмата сила, долгите и неефикасни постапки, високите надоместоци за нематеријална штета, како и на праксата на полициско спроведување на новинарите во судница.

Бараме законот да важи за сите, затоа што селективна правда е најголема неправда.
Насер Селмани

Не бараме никој да се амнестира од одговорност, туку законот да важи за сите, порачаа учесниците на проетстот организиран од Здружението на новинарите.
Иако протестот не беше масовен, зад пораките што преку транспарентите на кои пишуваше „Охрабрете се - судете праведно “, “„Селективна правда е најголема неправда“, „Многу тужби, малку слобода“, „Самоцензурата е полоша од цензурата“ , протестантите велат дека застанува целата фела.

„Бараме законот да важи за сите, затоа што селективна правда е најголема неправда. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки. Судиите што нема да го слушнат нашиот глас, во иднина ќе ги соочиме со нивната одговорност пред судскиот совет и пред македонската јавност. Време е одговорноста да се индивидуализира и не може за лошата судска пракса на мала група судии да се прокоцка довербата на целото судство“, изјави претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Како чувари на слободата на изразување и на сите човекови права и слободи, новинарите побараа тужбите за клевета и навреда да не ги користат како средства за вршење притисок врз новинарите.

„Сакаме да ги поддржиме судиите кои одговорно си ја извршуваат функцијата и да ги повикаме другите да не изрекуваат високи отштети за клевета и навреда за да се умилкуваат кај политичарите. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки“, рече Селмани.
XS
SM
MD
LG