Линкови за пристапност

Претставничкиот дом на Флорида изгласа да се ограничи пристапот на деца до социјални медиуми


Законодавството сега оди во Сенатот на Флорида на разгледување
Законодавството сега оди во Сенатот на Флорида на разгледување

Претставничкиот дом на Флорида го одобри нацрт-законот со цел да им се забрани на децата на возраст од 16 години и помлади пристап до социјалните мрежи, по слични акции во неколку сојузни држави за ограничување на ризиците на интернет за тинејџерите.

Донесена со двопартиски гласови од 106 „за“ и 13 „против“, мерката ќе бара од платформите на социјалните медиуми да ги укинат профилите на секој помлад од 17 години и да користат систем за верификација од трета страна за да ги проверат малолетниците.

„Мораме да се справиме со штетните ефекти што ги имаат платформите на социјалните медиуми врз развојот и благосостојбата на нашите деца“, рече претседателот на Претставничкиот дом на Флорида Пол Ренер.

„Флорида има огромен државен интерес и должност да ги заштити нашите деца, нивното ментално здравје и нивното детство“.

Нацрт-законот, исто така, ќе бара од фирмите трајно да ги избришат личните податоци собрани од прекинатите профили и да им дозволат на родителите да поднесат граѓански тужби против оние што нема да го сторат тоа.

Законодавството сега оди во Сенатот на Флорида на разгледување.

Спонзорите рекоа дека мерката е неопходна за да се заштитат децата од депресија, анксиозност и други проблеми со менталното здравје, за кои велат дека се поврзани со прекумерното користење на социјалните медиуми, чии аспекти на зависност, според критичарите, ги прават децата особено ранливи.

Противниците тврдеа дека нацрт-законот оди предалеку, при што некои бараат помалку рестриктивни мерки, како на пример, да им се дозволи на родителите да одлучат дали да им дозволат или не на нивните деца да користат социјални медиуми.

XS
SM
MD
LG