Линкови за пристапност

Преговорите за прекин на огнот во Газа сè уште во ќор-сокак


Дете поминува покрај уништената куќа во Рафа на 18 февруари 2024 година, по израелските воздушни напади во текот на ноќта врз јужниот пограничен град на појасот Газа. во услови на тековни битки меѓу Израел и Хамас
Дете поминува покрај уништената куќа во Рафа на 18 февруари 2024 година, по израелските воздушни напади во текот на ноќта врз јужниот пограничен град на појасот Газа. во услови на тековни битки меѓу Израел и Хамас

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот на разговорите во Каиро, изјави во понеделникот висок претставник на Хамас, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е одреден датум за инвазија на Рафа, последното засолниште на Газа за раселените Палестинци.

Израел и Хамас испратија тимови во Египет во неделата на разговори, во кои беа вклучени катарски и египетски посредници, како и директорот на ЦИА Вилијам Барнс.

Присуството на Барнс го нагласи зголемениот притисок од главниот сојузник на Израел, САД за договор, со кој ќе се ослободат израелските заложници држени во Газа и ќе се добие помош за палестинските цивили.

Но, високиот функционер на Хамас Али Барака изјави за Ројтерс:

„Ги отфрламе последните израелски предлози за кои не информираше египетската страна. Политбирото се состана денеска и одлучи за тоа“.

Друг претставник на Хамас претходно изјави за Ројтерс дека не е постигнат напредок во преговорите.

„Нема промена во позицијата на окупацијата (Израел) и затоа нема ништо ново во разговорите во Каиро“, изјави за Ројтерс претставникот на Хамас, кој побара да остане анонимен. „Се` уште нема напредок“. Деталите за предлогот не беа веднаш познати.

Денес во Ерусалим, еден ден откако израелските сили се повлекоа од некои области на југот на Газа, Нетанјаху рече дека добил детален извештај за разговорите во Каиро.

„Постојано работиме на остварување на нашите цели, пред се` ослободување на сите наши заложници и постигнување целосна победа над Хамас“, рече Нетанјаху.

„Оваа победа бара влез во Рафа и елиминација на терористичките баталјони таму. Тоа ќе се случи - има датум“. Тој не го прецизираше датумот.

Рафа е последното засолниште за палестинските цивили раселени од израелски бомбардирања кои ги срамнија со земја нивните матични населби.

Тоа, исто така, е последниот значаен повторен напад на борбените единици на Хамас, вели Израел.

Повеќе од еден милион луѓе се сместени во јужниот град во очајни услови, недостиг од храна, вода и засолниште, а странските влади и организации го повикаа Израел да не упадне во Рафа поради страв од крвопролевање.

Стотици жители кои живееле во шатори во Рафа се вратија во нивните уништени домови во понеделникот по израелското повлекување.

Некои се возеа на колички со магариња, додека некои само пешачеа. „Тоа е шок, шок... уништувањето е неподносливо“, рече жителот Мохамед Абу Диаб.

„Одам во мојата куќа и знам дека е уништена. Ќе ги тргнам урнатините за да извадам кошула“, додаде тој.

Палестинските медицински претставници изјавија дека нивните тимови извлекле повеќе од 80 тела од областите каде што војниците оперирале во изминатите месеци.

Западните сили изразија загриженост поради високиот биланс на загинати палестински цивили и хуманитарната криза што произлезе од воениот напад на Израел за уништување на Хамас во густо населениот појас Газа.

Околу 33.207 Палестинци се убиени во шестмесечниот конфликт, соопшти Министерството за здравство на Газа во понеделникот.

Повеќето од 2,3 милиони луѓе во енклавата се бездомници и многумина се изложени на ризик од глад.

Хамас уби 1.200 луѓе во јужен Израел во прекуграничниот напад на 7 октомври што го предизвика конфликтот, според израелските податоци.

Израелската армија соопшти дека над 600 нејзини војници биле убиени во борби оттогаш.

САД се против воени опрации во Рафа.

„Сакаме да видиме веродостоен план за тоа како тие ќе спроведат какви било операции таму, со оглед на суштинската хуманитарна загриженост за повеќе од еден милион палестински цивили кои се засолнети таму“, рече заменик-портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

XS
SM
MD
LG