Линкови за пристапност

Договор за ослободување на заложниците е тежок, но остварлив, кажа Лапид


Израелскиот опозициски лидер и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, денес во Вашингтон, разговараа за потребата Израел и Хамас да го решат нивниот конфликт
Израелскиот опозициски лидер и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, денес во Вашингтон, разговараа за потребата Израел и Хамас да го решат нивниот конфликт

Договор за ослободување на заложниците во Газа е тежок, но остварлив, изјави денес израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид, откако тој и американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараа за потребата Израел и Хамас да го решат нивниот конфликт.

„Тоа е тежок договор. Ова е договор што можеби нема да ни се допадне, но е остварлив и затоа треба да се постигне“, рече Лапид.

Во Египет се одржаа разговори за договор за ослободување на заложниците и за прогласување привремен прекин на огнот.

Лапид, кој ќе се сретне и со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, е во посета на Вашингтон, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху се соочува со притисок дома и во странство поради војната во Газа.

Некои семејства на заложници побараа од неговата влада да направи повеќе за да ги врати дома заложниците.

„Има доволно добри луѓе во израелската влада“, изјави Лапид за новинарите пред Стејт департментот.

Опозицискиот политичар Бени Ганц, кој за разлика од Лапид е дел од воениот кабинет на Нетанјаху, минатата недела повика на национални избори да се одржат во септември.

Лапид, прашан за повикот, одби да зборува за израелската политика додека беше во САД.

Посетата на Лапид доаѓа неколку дена откако претседателот Џо Бајден го повика Нетанјаху да ги овласти своите преговарачи да склучат договор.

Бајден, исто така, за првпат го предупреди Нетанјаху дека поддршката на САД може да биде условена со тоа што Израел ќе стори повеќе за да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа и да ги заштити цивилите.

Запрашан за ултиматумот, Лапид рече дека Бајден „очигледно е загрижен за хуманитарната ситуација во Газа“.

Тој додаде: „Израел е исто така загрижен“ и мора „да се потрудиме за да избегнеме повреда на луѓето од Газа. Ние немаме војна со децата од Газа... од друга страна, мора да запомните дека се бориме против терористичката организација која ги користи како жив штит“.

XS
SM
MD
LG