Линкови за пристапност

Харис вети нова ера на американско-африканското партнерство во Гана


Потпретседателката на САД, Камала Харис вети нова ера на партнерство меѓу САД и Африка, промовирајќи го зајакнувањето на жените, развивањето на дигиталната економија и поддршката на демократијата на 8.000 младинци од Гана.

„Имаме испреплетена историја, и убава и лоша, но сето тоа мора да го признаеме, да го научиме и никогаш да не го заборавиме“, рече Харис.

Таа денес ќе го посети замокот Кејп Коуст, место каде што поробените Африканци во бродови тргнале на опасно океанско патување до Америка.

Но, таа истакна дека нејзината посета е иднината, и вети 139 милиони американски долари помош за Западна Африка, од кои повеќето ќе го поддржат спречувањето конфликти во регионот Сахел.

„Пооптимист сум од кога и да е за иднината на африканскиот континент и, не само поради работата што ја преземаме во владата, не само поради инвестициите во приватниот сектор“, рече Харис.

Во понеделникот, Харис рече дека ги покренала прашањата за човековите права во нејзините билатерални разговори со претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо. Во сите три нации на нејзината турнеја која ги вклучува Гана, Танзанија и Замбија - имаат закони кои ја криминализираат хомосексуалноста до одреден степен.

„Дозволете ми да бидам јасна за тоа каде стоиме“, рече Харис. „Пред сè, за американскиот печат кој е овде, знаете дека голема работа во мојата кариера беше да се осврнам на прашањата за човековите права, прашањата за еднаквоста насекаде, вклучително и она што се однесува на ЛГБТ заедницата“, додаде Харис.

Харис од Гана ќе отпатува во Танзанија, а потоа до Замбија.

XS
SM
MD
LG