Линкови за пристапност

Харис најави една милијарда долари финансиска помош за жените во Африка


Потпретседателката на САД, Камала Харис, денес најави една милијарда долари финансиска помош за програмите фокусирани на економското зајакнување на жените за време на нејзината посета на Гана.

Финансирањето ќе го поддржи проширувањето на пристапот до дигиталните услуги, обуката за работа и поддршката за претприемачите, соопшти нејзината канцеларија.

Вчера, Харис вети нова ера на партнерство меѓу САД и Африка, нагласувајќи го зајакнувањето на жените, развојот на дигиталната економија и поддршката на демократијата на 8.000 млади во Гана.

По посетата на Танзанија, Харис ќе отпатува во Замбија.

XS
SM
MD
LG