Линкови за пристапност

Руската безбедносна служба го затвори случајот „Вагнер“


Во соопштението пренесено од руските новински агенции, од Федералната служба за безбедност на Русија велат дека инволвираните „престанале со активностите насочени кон извршување на злосторството“.
Во соопштението пренесено од руските новински агенции, од Федералната служба за безбедност на Русија велат дека инволвираните „престанале со активностите насочени кон извршување на злосторството“.

Руската Федерална служба за безбедност денеска објави дека ја затвора истрагата за вооружениот бунт на Евгениј Пригожин и членовите на неговата платеничка група Вагнер.

Во соопштението пренесено од руските новински агенции, од Федералната служба за безбедност на Русија велат дека инволвираните „престанале со активностите насочени кон извршување на злосторството“.

Негонењето на борците беше договорено доцна во саботата, договор со кој се стави крај на бунтот.

Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека групата Вагнер се подготвува да пренесе тешка воена опрема на руската војска.

До одреден момент не беше јасно каде се наоѓа Пригожин. Потоа на интернет страниците кои се следат летовите се прикажа дека авионот кој е поврзан со Пригожин слетал во Белорусија.

Лидерот на Вагнер рече дека ќе замине за Белорусија, како дел од договорот постигнат во посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG