Мароко вчера го прослави пристигнувањето на авионот на сончева енергија што полета од Мадрид и измина 830 километри пред да слета во главниот град Рабат.
Швајцарскиот авантурист Бертранд Пикар стана првиот кој изведе интерконтинентален лет со авион што не користи гориво. Пикар излезе од кабината со насмевка на лицето и коментар дека летот над Гибралтарскиот теснец што ги одвојува Европа и Африка бил магичен момент и врв на неговата кариера.
Првиот човек на Мароканската агенција за соларна енергја Мустафа Бакору му посака добредојде на Пикар на аеродромот и истакна дека соларната енергија повеќе не е ограничена само на светот на науката, туку станува составен дел од секојдневниот живот.
Авионот наречен Соларен импулс има опсег на крилата од 63 метри. Тие се покриени со 12.000 соларни ќелии и поврзани со пар електрични мотори. И покрај долгите крила, тој е тежок само колку еден семеен автомобил.
Во изјавата за Гласот на Америка пред полетувањето, Пикар кажа дека сака да ја промени јавната перцепција за изворите на обновливата енергија и да покаже дека тие нашироко може да се употребуват за авиони, автомобили и домашни апарати.
Организаторите го одбраа Мароко како крајна дестинација за да го истакнат планот на оваа северноафриканска земја да ја отвори својата прва инсталација за сончева енергија. Пикар изјави дека со тоа Мароко ќе создаде нови работни места и ќе ја намали зависноста од фосилни горива. Тој кажа дека и другите земји може да ја зголемат својата куповна моќ и благосостојба преку следење на примерот на Мароко.
Летот на Соларниот импулс од Мадрид до Рабат воедно е и тест за летот околу светот планиран за 2014-та година. Според Пикар, неговиот тим се подготвува за констрирање на втор, поголем авион со специјални крила што би можел да лета непрекинато пет до шест дена и во дождливи временски услови.
Сегашниот Соларен импулс влезе во историјата во 2010-та како првото летало со човечки екипаж што без прекин мина 24 часа во воздухот користејќи само сончева енергија.