Линкови за пристапност

Пентагон ќе обучува украински пилоти да управуваат со борбените авиони Ф-16


FILE - A Romanian Air Force F-16 military fighter jet, left, and a Portuguese Air Force F-16 military fighter jets participating in NATO's Baltic Air Policing Mission operate over the Baltic Sea, on May 22, 2023.
FILE - A Romanian Air Force F-16 military fighter jet, left, and a Portuguese Air Force F-16 military fighter jets participating in NATO's Baltic Air Policing Mission operate over the Baltic Sea, on May 22, 2023.

Пентагон соопшти дека војската ќе започне со обука на украински пилоти за летање со борбени авиони Ф-16 од американско производство во САД, почнувајќи од октомври.

Бригадниот генерал Пат Рајдер, прес-секретарот на Пентагон, во четвртокот им рече на новинарите дека обуката ќе вклучи „неколку“ украински пилоти и десетици друг персонал кој ќе обезбедува на авионите дадени на Киев.

Обуката е дел од напорите на САД и Европа за обезбедување напредни борбени авиони на Украина за долгорочна одбрана.

Рајдер нагласи дека борбените авиони Ф-16 не се наменети за тековната контраофанзива против руските сили.

Обуката за летање ќе биде спроведена во базата на националната гарда Морис воздух во Тусон, Аризона.

Пред оваа обука, пилотите ќе спроведат обука на англиски јазик во воздухопловната база Лакленд во Сан Антонио, Тексас, „со оглед на сложеноста и специјализираниот англиски јазик што е потребен за летање со овие авиони“, рече Рајдер.

Според него, обуката во САД обично трае околу осум месеци, доколку за Ф-16 се обучува нов пилот, а ако се обучува искусен пилот таа може да заврши за околу пет месеци.

Курсевите вклучуваат обука за центрифугирање за справување со гравитационите сили, основни маневри на борци и употреба на оружје.

Украина постојано бараше напредни борбени авиони за да помогнат во одбраната на нејзините градови од руските сили. Норвешка, Данска и Холандија најавија дека на Укирана ќе и испорачаат борбени авиони Ф-16.

Највисокиот генерал на американската војска во мај предупреди дека Ф-16 нема да дејствуваат како „магично оружје“ за Украина, но САД целосно ги поддржуваат оние што го водат процесот на обука и трансфер на Ф-16.

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб, исто така, предупреди дека трошоците за да се донесат овие авиони во Украина и да се одржуваат ќе бидат високи.

„Десет борбени авиони Ф-16 се милијарда долари. Ги додавате трошоците за одржување, тоа се уште една милијарда долари. Значи, зборуваме за 2 милијарди долари за 10 авиони (додека) Русите имаат 1 000 борбени авиони од четврта и петта генерација“, рече тој.

XS
SM
MD
LG