Линкови за пристапност

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16, рече Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред толпата во Данска изјави дека ветените испораки на Ф-16 го направиле уверен оти Украина може да стави крај на руската инвазија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред толпата во Данска изјави дека ветените испораки на Ф-16 го направиле уверен оти Украина може да стави крај на руската инвазија

Грција ќе учествува во обука на пилоти на украинските воздухопловни сили за авиони Ф-16, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Данска и Холандија во неделата објавија дека ќе ги испорачаат првите Ф-16 на Украина.

„Денес имаме важен резултат за авијациската коалиција. Грција ќе учествува во обуката на нашите пилоти за Ф-16. Благодарен сум за овој предлог“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.

Тој не даде детали за програмата за обука.

Официјални лица од коалицијата од 11 земји рекоа дека обуката за Ф-16 ќе се одржи во Данска и Романија.

Претходно денес Зеленски пред толпата во Данска изјави дека ветените испораки на Ф-16 го направиле уверен дека Украина може да стави крај на руската инвазија.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG