Линкови за пристапност

 
„Партиски обвинувања, но и јасна поддршка за Русија“, слушна во Собранието земјата претседавач со ЕУ

„Партиски обвинувања, но и јасна поддршка за Русија“, слушна во Собранието земјата претседавач со ЕУ


АРХИВА - Зградата на Собранието на Република Северна Македонија, во Скопје, Северна Македонија, 3 октомври, 2023 година.
АРХИВА - Зградата на Собранието на Република Северна Македонија, во Скопје, Северна Македонија, 3 октомври, 2023 година.

„Политиката на проширување на ЕУ може значително да придонесе за постигнување на нашите безбедносни цели и затоа проширувањето останува во центарот на нашето внимание.“

Ова денеска во Собранието, на заедничка седница на Советот за евроинтеграции и комисијата за надворешни работи, го кажа Мариуш Бримора, амбсадор на Полска, земјата која го презеде претседавањето со Европската Унија во една од најголемите кризи во трансатлантските односи и заладувањето на врските меѓу Америка и Европа. На повиците за значењето на членството во ЕУ, Бримора како одговор ги слушна партиските кавги меѓу власта и опозицијата.

Земјата претседавач со ЕУ: Проширувањето останува во центарот на нашето внимание
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 0:03:53 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

„Реформската агенда е закопана, треба да се донесат 20 закони до јуни, а ниту еден во собраниска процедура... Партнерството со ЕУ и со САД треба да се покаже на дела, гласањето воздржано во ОН за резолуциите за Украине е грешка. 51.47 Стравот од натамошни блокади да го трансформираме во храброст за да напредува и да кажеме дека ЕУ ни е национален консензус“, рече Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

„Ако си помогнеме сите едни на други и не се кочиме во работата, тогаш процесот ќе оди добро“, рече Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања.

Бримора уверуваше дека неговата земја како претседавач со Унијата, меѓу другото ќе работи и на одржување и подобрување на начнатото трансатлантско партнерство, кое во изминатите денови сериозно искричеше и на релација Вашингтон-Варшава.

„Како што еден колега-пратеник од соседството даде еден совет - во денешно време ако се постави прашањето за кого си, најдобро е да се кажеш дека сум за Доналд – Трамп е претседател на САД, а Доналд Туск е премиер на Полска“, рече Антонијо Молошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, она што можеби амбасадорот на земјата претседавач со ЕУ не очекуваше да го случне во парламентот на земја-кандидатка е отворената поддршка на една политичка партија за Русија.

„Вашата русофобска реторика можете со вашите колеги да ја користите, овде се користи неутрална реторика. Не се согласуваме со тоа дека Русија извршила агресија, зашто тоа е специјална воена операција за да се пречи наездата на неофашимзот“, рече Реџеп Исмаил од Левица.

„Дали пратеникот навистина верува дека Русија не е агресорот. Жал ми е, но ние со тоа не се согласуваме. Ние и ЕУ се согласува дека Русија е агресорот“, рече Бримора.

Полска уверува дека проширувањето кон Западен Балкан останува во нејзиниот фокус, но прашање е што во овие услови на геополитички тензии меѓу Вашингтон и Брисел, војна во Украина, и потенцијална опасност од дестабилзација на регионот, навистина може да се испорача до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ на 30 јуни годинава.

XS
SM
MD
LG