Линкови за пристапност

САД во празнично расположение: Ден на независноста


us independence day july 4th
us independence day july 4th

Во главниот град Вашингтон денес се собираат стотици илјади граѓани да ги видат традиционалните огномети

САД денес прославуваат Ден на независност со огномети и традиционално дружење со семејството и пријателите, како и со неконвенционално обраќање на претседателот Доналд Трамп.

4 Јули се слави во чест на американската Декларација на независност од Британија во 1776 година.

Во главниот град Вашингтон денес се собираат стотици илјади граѓани на Националното шеталиште, каде ќе се одржи концерт и од каде ќе можат да се видат традиционалните огномети.

Трамп најави дека ќе се стави акцент на моќта на Американската армија, обраќајки се на скалите пред споменикот на Линколн

„Ова ќе биде прослава на сите времиња“, напиша Трамп на Твитер.

На покана на претседателот, на прославата ќе присуствуваат и вршителот должност секретар за одбрана Марк Еспер и началникот на заедничкиот Генералштаб, генералот Џозеф Данфорд, како и други високи официјални воени лица.

Дополнително, Одделот за одбрана изјави дека Белата куќа обезбедила 5.000 билети за друг воен пресонал и нивните семејства.

Традиционално, американските претседатели избегнуваа да бидат во центар на внимание за прославите за Денот на независноста, а критичарите стравуваат дека Трамп ќе ја претвори прославата во предизборна кампања.

Во прашање беа доведени и дополнителните трошоци за поставување воена опрема како дел од прославата.

Трамп, пак, на Твитер напиша дека трошоците ќе бидат незначителни во споредба со значењето на настанот.

Белата куќа соопшти дека Трамп ќе избегне политика и говорот ќе биде целосно патриотски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG