Линкови за пристапност

Панел на СЗО одлучува дали да се укине вонредната состојба на ковид-19


Eксперти на Светската здравствена организација велат дека ако се укине статусот на вонредна состојба, владите сепак треба да одржуваат програми за тестирање, вакцинација и третман
Eксперти на Светската здравствена организација велат дека ако се укине статусот на вонредна состојба, владите сепак треба да одржуваат програми за тестирање, вакцинација и третман

Панел од глобални здравствени експерти се среќава денес за да одлучи дали ковид-19 е сè уште вонредна состојба според правилата на Светската здравствена организација (СЗО), статус што помага да се задржи меѓународниот фокус на пандемијата.

СЗО првпат го даде своето највисоко ниво на тревога за ковид на 30 јануари 2020 година, а панелот оттогаш продолжи да ја применува ознаката на состаноците што се одржуваат на секои три месеци.

Сепак, неколку земји неодамна почнаа да ги укинуваат домашните вонредни состојби, како што се САД.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека се надева оти ќе стави крај на меѓународната вонредна состојба оваа година.

Сè уште нема консензус за начинот на кој комисијата може да донесе одлука, изјавија за Ројтерс советниците на СЗО и надворешните експерти.

„Можно е вонредната состојба да заврши, но од клучно значење е да се соопшти дека ковид останува сложен предизвик за јавното здравје“, рече холандската професорка Марион Купманс, виролог кој е на панелот на СЗО. Таа одби да шпекулира дополнително пред дискусиите, кои се доверливи.

Еден извор близок до преговорите рече дека укинувањето на статусот „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост“ може да влијае на глобалното финансирање или напорите за соработка.

Друг рече дека непредвидливоста на вирусот го отежнува повикот во оваа фаза.

„Не сме излезени од пандемијата, но стигнавме до друга фаза“, рече професорот Салим Абдул Карим, водечки експерт за ковид, кој претходно ја советуваше јужноафриканската влада за нејзиниот одговор.

Карим, кој не е во панелот на СЗО, рече дека ако се укине статусот на вонредна состојба, владите сепак треба да одржуваат програми за тестирање, вакцинација и третман.

Други рекоа дека е време да се префрли на живеење со ковид како постојана закана за здравјето, како ХИВ или туберкулоза.

„На сите вонредни состојби мора да им дојде крајот“, рече Лоренс Гостин, професор по право на Универзитетот Џорџтаун во САД, кој ја следи СЗО.

„Очекувам СЗО да стави крај на вонредната состојба за јавно здравје од меѓународна загриженост“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG