Државниот секретар Ентони Блинкен ги собра лидерите на Ерменија и Азербејџан на неколкудневни мировни преговори во Вашингтон неделава, бидејќи жителите на етничкиот ерменски регион Нагорно-Карабах во Азербејџан велат дека се отсечени од храна, лекови и гас.
Жителите Степанакерт, главниот град на сепаратистичкиот етнички ерменски регион Нагорно-Карабах во Азербејџан, велат дека се соочуваат со критичен недостиг на храна и лекови бидејќи нивната единствена врска со Ерменија, коридорот Лачин, е блокирана.
„Патот за спас ни е затворен. Немаме струја. Без гас, без храна, каква е ситуацијата? Нашите деца, нашите постари луѓе и трудници немаат овошје и зеленчук за јадење“, вели Лијана Атајан, жителка на Степанакерт.
Азербејџан негира дека го блокирал коридорот Лачин, но организациите за човекови права потврдуваат дека регионот е отсечен.
Во Вашингтон, американскиот државен секретар Ентони Блинкен одржа мировни разговори со лидерите на Ерменија и Азербејџан оваа недела и се појави со двајцата во четвртокот.
Блинкен рече дека е постигнат понатамошен напредок кон мировниот договор, но останува напорна работа.
„Колку се приближувате до постигнување договор, во некои случаи, толку е потешко, бидејќи по дефиниција, најтешките прашања се оставени за крај. Но, многу го ценам духот на искреноста, отвореноста, директноста што сите ги покажаа", рече Блинкен.
Судбината на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах е веројатно едно од тие тешки прашања, при што Ерменија бара гаранции за снабдување, а Азербејџан вели дека тоа не е неопходно.
Русија, формално силен поддржувач на Ерменија, повика на воздржаност и мирно „решавање на сите спорни прашања“ во четвртокот, откако четворица ерменски војници беа убиени во средата во Нагорно-Карабах.
Експерти за Гласот на Америка велат дека влијанието на Русија во регионот и на мировниот процес е сериозно намалено.
Хедер Ешби од Институтот за мир на САД вели:
„Тоа е исто така предизвик за Ерменија, бидејќи еден од нејзините блиски партнери, Русија, е вклучен во војната во Украина и не игра поактивна посредничка улога“.
Ерменија сè повеќе гледа на САД и на ЕУ како порамномерни посредници, рече Ешби.
„САД сакаат да видат мир“, вели таа.
Експертите додаваат дека генерации луѓе во регионот Нагорно-Кабабах кои пораснале со конфликтот се исцрпени од сите смртни случаи и подготвени за мир.