Линкови за пристапност

Ослободен Американец уапсен во Москва под обвинение за шверц на дрога


Државјанинот на САД Калоб Вејн Бајерс седи во затворска ќелија за време на судска седница во Москва, Русија, 7 октомври 2024 година
Државјанинот на САД Калоб Вејн Бајерс седи во затворска ќелија за време на судска седница во Москва, Русија, 7 октомври 2024 година

Русија ослободила американски државјанин уапсен на почетокот на овој месец под обвинение за шверц на дрога, според извештаите на руските медиуми и официјален претставник на САД.

Потегот се чини дека е обид за намалување на тензиите меѓу Москва и Вашингтон пред разговорите во Саудиска Арабија денес.

Калоб Бајерс (28) беше приведен на 7 февруари на московски аеродром, откако цариниците, наводно, пронашле мармалад со канабис во неговиот багаж.

Според извештаите на медиумите, Бајерс патувал од Истанбул со неговата руска свршеница, која, исто така, била приведена.

Властите соопштија дека тој се обидел да прошверцува „значителна количина“ на дрога во земјата и го ставил во притвор под обвинение за шверц на дрога, казниво со затворска казна до 10 години.

Бајерс е ослободен од притвор и се наоѓа во Амбасадата на САД во Москва каде чека лет за дома, објави во понеделникот рускиот независен медиум Медуза, цитирајќи објава на Фејсбук на неговите родители.

Американски официјален претставник потврди за АП дека Бајерс бил пуштен во амбасадата доцна навечер во неделата.

Функционерот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беа овластени да разговараат за чувствителни работи.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави за новинарите во понеделникот како одговор на прашање за Бајерс дека Москва очекува „да разговара за обновување на целиот комплекс на руско-американски односи“ на разговорите во Саудиска Арабија во вторник.

Не беше јасно дали и свршеницата на Бајерс е ослободена.

Во извештаите на руските медиуми беше идентификувана како Наида Мамбетова и била ставена во истражен затвор по истите обвиненија.

XS
SM
MD
LG