Линкови за пристапност

Американец затворен во Русија осуден на нова 15-годишна затворска казна за шпионажа


Американски државјанин роден во Русија, веќе затворен во Русија поради поткуп, стои зад решетки во судница во Москва, Русија, 20 февруари 2020 година
Американски државјанин роден во Русија, веќе затворен во Русија поради поткуп, стои зад решетки во судница во Москва, Русија, 20 февруари 2020 година

Американскиот државјанин роден во Русија кој веќе е затворен поради обвинение за поткуп, доби втора 15-годишна затворска казна за шпионажа, објавија руските новински агенции во вторникот.

Московскиот суд покрена обвиненија за шпионажа против Џин Спектор во август 2023 година. Деталите околу случајот не беа објавени во јавноста.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со извештаите за пресудата на американски државјанин во Русија и дека ја следи ситуацијата.

Спектор, поранешен извршен директор на компанија за медицинска опрема во Русија, претходно беше осуден на повеќе од три години затвор во септември 2022 година за овозможување мито на помошник на поранешниот вицепремиер Аркадиј Дворкович.

Помошничката, Анастасија Алексејева, беше осудена на 12 години во април за земање мито за две скапи патувања за одмор во странство.

Дворкович беше потпретседател на владата на Дмитриј Медведев од 2012 до 2018 година. Тој моментално е шеф на меѓународната шаховска федерација.

XS
SM
MD
LG