Линкови за пристапност

Уапсена сопругата на напаѓачот во ноќниот клуб во Орландо


Нур Салман беше под полициска истрага веднаш по нападот во јуни, минатата година

Американските власти соопштија дека ја уапсиле сопругата на напаѓачот во ноќниот клуб во Орландо, Омар Матин под обвинение за опструкција на правдата.

Главната обвинителка Лорета Линч го потврди апсењето на Нур Салман во Сан Франциско. Но, не` беа објавени повеќе детали.

Салман беше под интензивна полициска истрага откако нејзиниот сопруг отвори оган во ноќен клуб во Орландо во јуни, 2016-та година убивајќи 49 лица и ранувајќи повеќе од 50 други, во напад за кој се вели дека бил инспириран од Исламската држава.

Матин беше застрелан од страна на полицијата по три часовната драма во објектот.

Полицијата во Орландо вели дека, ФБИ сака да дознае дали Салман имала претходни сознанија за плановите на нејзиниот сопруг.

Вашингтон пост извести дека официјален претставник, претходно им кажал на новинарите дека Салман го придружувала нејзиниот сопруг најмалку еднаш до ноќниот клуб „Пулс“. Таа исто така кажала дека била со него кога тој сакал да купи муниција.

Салман не даде коментар веднаш по нејзиното апсење. Но, таа претходно им кажала на властите дека нејзиниот сопруг бил физички насилен, и ги држел неговите лични активности во тајност.

XS
SM
MD
LG