Претседателот Обама и потпретседателот Бајден приватно се сретнаа со роднините на 49-те убиени, и 53-та ранети во ноќниот клуб во неделата, најлошо масовно убиство во американската историја.
Зборувајќи со новинарите по полагањето на цвеќиња на споменикот на жртвите претседателот кажа дека жалоста кај семејствата „не може да се опише.“
„Се прегрнав со членовите на семејствата и ужалените родители и тие ме запрашаа, зошто се случува сево оваа? Тие ме замолија да сториме нешто повеќе да ги запреме крвопролевањата. Тие не се грижат за политиката. Ниту јас“
Обама повика на солидарност по нападот, велејќи дека убиените „може да бидат членови на нашите семејства“ и им се обрати директно погодените од масовното убиството дека „нашите срца се скршени исто така.“
Обама и Бајден се сретнаа со медицински лица, полицајци за да им се заблагодарат за нивниот брз одговор, тие исто така се сретна со сопствениците и вработените во барот кај што се случи нападот.