Линкови за пристапност

Ноќниот клуб Пулс ќе прерасне во споменик


Во терористичкиот напад во Орландо беа убиени 49, а 53 лица беа повредени

Се планира местото на најлошото масовно пукање во американската историја, ноќниот клуб Пулс во Орландо, Флорида да биде отворен како споменик за луѓето кои беа убиени таму.

Одлуката беше објавена на социјалните медиуми.

Во соопштените на „One Pulse Foundation“ стои дека целта е да се „соберат финансиски средства за жртвите“ и да се „помогне во создавањето на траен споменик.“

Нема потврден датум за отворањето на споменикот.

На 12 јуни Омар Матин влезе во ноќниот клуб и пукаше со огнено оружје. Подоцна тој беше убиен од полицијата.

XS
SM
MD
LG